Чурлинов, Јанков и Тодоровски повикани во А-репрезентацијата

По ослободувањето од обврските за Горан Пандев, Аријан Адеми и голманот Столе Димитриевски, селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски повика тројца фудбалери од младата репрезентација кои ќе бидат вклучени пред последните два натпревари во Лигата на нации против Естонија во Скопје и Ерменија на Кипар.

Офанзивецот на Штутгарт, Дарко Чурлинов, голманот на Работнички, Ристе Јанков и дефанзивецот Тодор Тодоровски од хрватски Шибеник, се повикани од Ангеловски од утре да се приклучат на тренинзите на сениорите.

Единствено голманот Јанков ќе биде на располагање и на Благоја Милевски за настапот на младата селекција против Црна Гора, последниот меч од квалификациите за ЕП.

Се вчитува...