Чурлинов: Мора да одиграме машки против Црногорците ако сакаме успех

Македонската репрезентација до 21 година во Подгорица се подготвува за натпреварот против Црна Гора од квалификациите за Европското првенство 2021 година. По убедливиот триумф од 7-1 против Фарски oстрови од отворањето на квалификацискиот циклус, нашата репрезентација се надева дека победничката низа ќе продолжи и по натпреварот на „ДГ“ арена во главниот град на Црна Гора. Дуелот со Црна Гора се игра на 10. октомври во 17 часот.

Напаѓачот Дарко Чурлинов смета дека на натпреварот мора да му се пристапи максимално сериозно ако сакаме позитивен резултат.

„Напорно се подготвуваме за двата натпревари кои ни следуваат, а посебно за дуелот со Црна Гора кој не очекува в четврток. Противникот е квалитетен, но сметам дека не е посилен од македонската репрезентација. Треба да одиграме „машки“ и многу фокусирано на секој дел од теренот. Иако отворивме во квалификациите со убедлива победа, сепак, имавме некои грешки и на тој натпревар што против Црна Гора не смееме да ги повториме. Битно е да одиграме како тим и сите заеднички да придонесеме во играта за да успееме да запишеме три бода“ – вели Дарко Чурлинов.

Се вчитува...