„Да беше Фергусон тренер за ваква грешка Фред немаше да игра месец дена“

Манчестер Јунајтед не е во посакуваната форма на почетокот на сезоната. „Црвените ѓаволи“ во вчерашниот меч против Евертон (1-1) испуштија два бода, а виновник за тоа е Фред кој во контра нападот на Евертон два пати не успеа да го сопре Греј.

Бразилецот по мечот наиде на остри критики од јавноста, а на оваа тема говореше и поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Овен Харгривс кој вели дека доколку Сер Алекс Фергусон бил тренер на клубот, Фред немал да игра месец дена.

„Никогаш, апсолутно никогаш тој гол смее да се прими. Зошто си платен? Зошто си тука? Да спречиш постигнување на таков гол. Фред имаше два обида и не успеа. Тоа не смее да случи. Сер Алекс такво нешто немаше да опрости. Па Фред немаше да игра месец дена, озбилен сум. Едноставно мора да победиш во таков дуел. Ако не успееш, фаулирај го противникот, собори го. Јунајтед не го контролира натпреварот. По својот корнер да примиш таков гол…“, изјави поранешниот играч на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...