Да го блокира саудиското преземање на Њукасл – барање до британската влада

Од владата на Велика Британија е побарано да го блокира преземањето на Њукасл од Саудиската компанија поврзана со принцот од државата се додека не бидат истражени обвинувањата за пиратерија на натпревари од професионални спортови вклучувајжи ја и Премиер-лигата. Прво вакво барање испрати Светската трговска организација, а дополнително се огласи и Интернационалниот трговски комитет директно од министерката за трговија Лис Трас.

„Како што знаете СТО смета дека владата на Саудиска Арабија активно го поддржува „beoutQ’“, пиратска операција која ги краде комерцијалните права во Велика Британија во повеќе спортови. Ова е навреда за британската влада, навреда за Премиер-лигата и злоупотреба на британскиот спорт, не смее да биде толерирано. Важно е ова да се потенцира во овој момент бидјќи подржувач на овој криминал се обидува да купи голем клуб во Англија“ – стои во писмото до британската влада.

Саудиски инвестициски фонд кој всушност е во сопственост на принцот Мохамед Бин Саламан се обидува да го купи Њукасл, договор со сопственикот Мајк Ешли е направен, но согласност треба да даде и Премиер-лигата. Прв на преземањето се спротивстави, Насер Ел Келаифи сопственикот на „Беин спортс“, најголемиот ТВ партнер на Премиер-лигата надвор од Британија.

 

Се вчитува...