Да му позавиди и Кејн – велемајсторски лоб на Ндомбеле (видео)

Тангуи Ндомбеле продолжува со одличните игри во дресот на Тотенхем, а третиот овосезонски погодок на францускиот играч за врска постигнат на дуелот со Шефилд Јунајтед беше вистинско ремек-дело.

Ндомбеле втрча во шеснаесетникот и иако многу пологично беше да се бие со левата нога, тој се реши за лоб со десната, изненадувајќи го домашниот голман со милиметарски прецизен удар што заврши во мрежата.

Тотенхем со овој гол има предност од 1-3 и се наоѓа на прагот на нова премиерлигашка победа.

Се вчитува...