Да не ти се верува: Вака само МЗТ може да загуби (ВИДЕО)

Сите очекуваа втор триумф над Задар во баражот и пласман во елитната АБА – лига. Директорот Тони Грнчаров во ложата си го донесе семејството, но МЗТ Скопје Аеродром потфрли кога беше најпотребно. По неуспехот во Купот на Македонија, не успеа да ја заврши со хепиенд многу поважната мисија за враќање во елитата од регионот.

Тимот на Ѓорѓи Кочов имаше меч – топка во „Јане Сандански“, водеше и со 14 поени разлика, но ја прокоцка и загуби. Разочараните фанови гневно реагираа…„Вака само МЗТ може да загуби“.

Сега ќе мораат „металците“ по многу потешкиот пат, на „мајсторка“ во Задар…

Се вчитува...