Да се биде или не за Силекс и Вардар!

Силекс и Вардар пред можеби клучните пресметки сезонава во битката за опстанок за двете екипи. Како никогаш досега последниве години, во 26. коло од ПМФЛ, значаен натпревар за составите на Горан Симов и Никола Илиевски – Џиџи.

Свесни се за тоа во двата табори, па токму затоа и најавите дека ќе се даде се за да се дојде до бодовите. Кратовци се осоколени по победата во полуфиналето од Купот на Македонија, верувајќи дека може до трите бода против Вардар кои ќе дадат помирен тек во продолжението на првенството.

Од друга страна, Вардар е под дополнителен притисок. Ова е натпревар кој многу што може да одлучи дали за „црвено-црните“ ќе има воопшто надеж за опстанок.

„Знаеме дека не чека клучен натпревар. Добро е познато во каква тешка ситуација е клубот, но тоа што може сите фудбалери да го ветат е максимален ангажман во желбата да се дојде до позитивен резултат од Кратово“ – вели тренерот на Вардар, Никола Илиевски – Џиџи, кој по победата на коронавирусот се врати со својот тим.

ПРВА ЛИГА – 26. коло (денеска, 13 ч.)

Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР

Тетово: РЕНОВА – ШКЕНДИЈА

Велес: БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ

Струмица: БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ШКУПИ

ВЧЕРА

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 3-1

 

Се вчитува...