Даглас Коста доби казна каква што заслужува

Даглас Коста ќе мора да ги пропушти следните четири натпревари на Јувентус во „Серија А“, откако Бразилецот беше жестоко казнет за црвениот картон на дуелот со Сасуоло. Коста во финишот од овој натпревар најпрвин го удри со лакотот противничкиот фудбалер Федерико Ди Франческо, за потоа да го плукне ривалот в лице.

Судијата по ВАР-консултација му покажа црвен картон, a дисциплинецот не покажа милост кон асот на Јувентус, кој дополнително ќе биде и парично казнето од својот клуб.

Бразилецот ќе го пропушти гостувањето против Фросиноне, потоа и домашните дуели со Болоња и со Наполи, како и дуелот на „Фриули“ со Удинезе. Тренерот Алегри повторно ќе го има Коста на располагање за домашниот натпревар со Џенова, закажан за 20 октомври.

Се вчитува...