Даглас Коста побегна од Италија

Бразилскиот интернационалец Даглас Коста го напушти Торино и со дозвола на раководството на Јувентус се врати во родниот Бразил. Таму ќе ги минува деновите од задолжителниот карантин. Тој побарал да биде заедно со семејството откако тестот за Covid-19 покажал негативен наод.

Претходно, Кристијано Роналдо се врати во Мадеира поради болеста на мајка си, Гонзало Игуаин исто така побара да замине во Аргентина затоа што неговата мајка има канцер, Пјаниќ е во Луксембург, а Сами Кедира во Германија. Останатите фудбалери на Јувентус се уште се во изолација во Ј-хотелот во Торино откако Даниеле Ругани беше првиот позитивен фудбалер на коронавирус во Серија А. Подоцна симптоми од редовите на Јувентус појавија и Блес Матуиди и Пауло Дибала.

Се вчитува...