Дајер мораше во тоалет сред натпревар, Мурињо тргна да го бара (видео)

Жозе Мурињо се најде во центарот на вниманието на вечерашниот дуел со Челси, откако Португалецот збесна бидејќи Ерик Дајер го остави тимот на цедило – бидејќи мораше да замине во тоалет.

Се играше второто полувреме кога Дајер веќе не можеше да издржи и го напушти теренот, а Челси само поради себичноста на Хадсон Одои не постигна и втор гол за да ја запечати судбината. Мурињо ги загуби нервите и веднаш истрча кон соблекувалната да го најде Дајер и да го испрати назад на терен, а самиот фудбалер дефинитивно беше изненаден од реакцијата на тренерот, трчајќи назад за да се врати во срцето на одбраната на „спарси“.

Се вчитува...