Дајте му ја наградата за најголем кретен на ОИ (видео)

Маратонската трка на ОИ ќе остане запаметена и по неспортскиот потег на Французинот Морхад Амдуни, кој очигледно заборави на основните спортски принципи и ферплејот, па ги налути и ривалите и спортската јавност.

Тој на половина од трката мина крај местото каде имаше наредено чаши со вода и ги истури сите, потоа земајќи ја последната, оставајќи ги противниците без освежување.

Амдуни во тој момент се натпреваруваше со Абди Нагеје од Холандија, кој остана без вода, но со тоа само го мотивираше противникот. Холанѓанецот на крајот стигна до второто место и сребрениот медал, додека Амдуни ја заврши трката на очајното 17. место.

„Дајте му ја наградата за најголем кретен на ОИ“, напиша британскиот новинар Пирс Броснан објавувајќи го видеото од неспортскиот потег на Французинот.

Се вчитува...