Далас го испрати Порзингис во Вашингтон – поранешен кошаркар на Партизан е нов соиграч на Дончиќ

Далас го искористи последниот час од трансфер рокот во НБА лигата за трансфер на Криштапс Порзигис во Вашингтон. Заедно со Летонецот во главниот град на САД заминува и пик од втората драфт рунда, а тексашкиот тим ќе ги добие Спенсер Данвиди и поранешниот кошаркар на Партизан, Давис Бертанс.

Покрај овој „летонски“ трансфер се реализираше и „германска трампа“ по која Денис Шродер заврши во Хјустон, а во редовите на Бостон се врати Даниел Таис.

Лос Анџелес Лејкерс кои се мачат во досегашниот дел од сезоната одлучија да не прават „трампи“ во последниот ден и своите ресурси ќе ги наменат кон слободните играчи.

Се вчитува...