Далас го одигра мечот за спас на сезоната, Клиперс подобар од Лејкерс во клучниот натпревар за плеј-оф (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас го играа мечот за спас на сезоната и успеаја да го победат Сакраменто со 123-119, прекинувајќи ја низата од три едноподруго порази во НБА лигата.

Кајри Ирвинг со 31 поен и Лука Дончиќ со 29 поени го предводеа Далас кој се израмни со Оклахома на десеттото место на Западот, последното кое води во плеј-офот.

Еден од најважните меѓусебни натпревари во последните години го одиграа градските ривали ЛА Лејкерс и ЛА Клиперс. На три меча пред крајот на сезоната, со потполно израмнет скор, поделени меѓу шестото и седмото место каде е границата за плеј-оф или не, Клиперс влегоа во пресметката со два порази во низа но далеку посвежи што се покажа клучно па на крај Клиперс триумфираа со 125-118 и направија голем чекор кон шестата позиција.

Норман Пауел со 27 поени и Каваи Леонард со 25 поени се погрижија за завршница без многу драма, и покрај тоа што Леброн Џејмс заврши со 33 постигнати поени. Хрватот Ивица Зубац одигра одличен меч со 17 поени, 13 скока против клубот во кој ја започна НБА кариерата.

Клиперс сега се израмнија со Голден стејт на петтото место на Западот со 42 победи и 38 порази, а Лејкерс е скор од 41 победа и 39 порази, колку и Њу Орлеанс кој победи над Мемфис со 138-131 по продолжение.

Њујорк, и покрај тоа што ги одмараше главните играчи, славеше со 138-129 против Индијана со 39 поени на Квикли а 32 поени постигна Оби Топино. Со оваа победа си го осигураа петтото место на Истокот.

Се вчитува...