Далас и без Дончиќ ја доби драмата со ЛА Лејкерс, брилјираше Ирвинг (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас славеа против ЛА Лејкерс со 111-110 во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата. За Лејкерс тоа беше втор едноподруго пораз, а за Далас втора по ред победа. Двете најголеми ѕвезди во двата тима, Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, не настапија поради повреди.

Отсуството на Дончиќ го искористи Кајри Ирвинг кој за Далас одигра одличен меч. Застана на 38 поени, од игра шутираше со 60% успешност, а погоди и пет тројки од девет обиди. На 38 поени, дополни и со шест скока и шест асистенции. Но, најважна беше асистенцијата во последните секунди за Макси за триумф на својот тим.

Кај Лејкерс најдобар беше Ентони Дејвис со 26 поени и 10 скока.

Филаделфија триумфираше на гости против Шарлот со 82-121, Атланта го победи Голден стејт со 127-119 а Кливленд, пак, Вашингтон со 117-94.

Чикаго по продолженија победи против Минесота со 139-131. Регуларниот дел заврши со 113-113, а во одличен меч тимот од Чикаго до победа го водеше Де Розан со феноменални 49 поени и 14 скока.

Хјустон славеше против Њу Орлеанс со 114-112. Сан Антонио загуби од Мемфис пред своите навивачи со 120-16, а Бостон на гости го победи Портланд со 112-126.

Се вчитува...