Далас може да победува и без Дончиќ, Денвер го „преживеа“ исклучувањето на Јокиќ

Кошаркарите на Далас го совладаа Шарлот, и покрај тоа што недостасуваше најдобриот играч Лука Дончиќ. Словенецот го пропушти дуелот поради повреда на зглобот, но тоа не беше пречка Далас да запише победа, и тоа убедлива.

Мавс одиграа одлично прво полувреме во кое постигнаа дури 70 поени. Порзингис беше најефикасен со 24 поени, 13 скокови и пет блокади. Треј Бурк уфрли 22 поени, а Хардевеј 19. Во поразениот тим Кели Убр и Тери Роз постигнаа по 20 поени.

Кошаркарите на Денвер го совладаа Вашингтон со 113:107, со одлична партија на Никола Јокиќ, кој беше исклучен поради приговори кон судиите. Јокиќ беше многу лут кога го напушташе теренот, а соиграчите се обидуваа да го смират. До тој момент Србинот имаше 28 поени, 19 скокови и девет асистенции.

Голден Стејт благодарение на пресвртот во последната четвртина, успеа да го добие дуелот со Индијана. Голден Стејт губеше во првиот дел со 55:47. Меѓутоа во третиот период успеа да намали од разликата и да се доближи на минус четири, за потоа целосно да издоминира во последниот период и на крај да го добие мечот со 102:100. Мечот беше решен во последните секунди. На Индијана не и помогнаа и 30-те поени на Сабонис, додека Кари постигна 26 кај победничкиот тим.

НБА, РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Мајами 105:94
Индијана – Голден Стејт 100:102
Торонто – Сакраменто 124:101
Атланта – Хјустон 126:132
Бостон – Милвоки 117:103
Мемфис – Филаделфија 126:91
Далас – Шарлот 120:96
Денвер – Вашингтон 113:107
ЛА Клиперс – Феникс 111:95

Се вчитува...