Далас немоќен без Дончиќ на стартот од плејофот

Јута џез поведе во плејоф-серијата со Далас Маверикс, користејќи го неиграњето на Лука Дончиќ за домашниот состав за значајна гостинска победа изразена со конечни 93-99.

„Џезерите“ имаа повеќе оружја и го контролираа резултатот во голем дел од мечот. Јута имаше и двоцифрена предност во последната четвртина, но Далас успеа да се врати во мечот и на една минута до крајот да намали на само еден поен негатива (91-92). Јута не реализираше, но гостите фатија офанзивен скок, по што Ројс О’Нил погоди тројка и ја запечати победата на својот тим.

Донован Мичел со 32 поени беше најефикасен во таборот на Јута, Бојан Богдановиќ реализираше 26 поени, додека Брансон со 24 и Динвиди со 22 поени беа најдобри поединци на Далас.

Се вчитува...