Далас подобар во дуелот меѓу Јокиќ и Дончиќ (ВИДЕО)

Одличната партија на Никола Јокиќ, не беше доволна Денвер да се спротивстави на Далас и на Дончиќ. Нагетси се поразени на гостувањето со 103-98, и покрај тоа што Јокиќ одново беше на нивото. Но, ја немаше поддршката од соиграчите. Така за 35 минути, Јокиќ постигна 26 поени, 16 скока, 3 асистенции и две украдени топки.

Далас конснтатно беше во предност, иако гостите неколку пати успеаја да се вратат, но кога и да се доближеа, Далас лесно се справуваше со тие налети и повторно со одлични серии доаѓаа до двоцифрена разлика. Лука Дончиќ го заврши мечот со 21 поен.

Кошаркарите на Голден Стејт се вратија во победнички ритам победувајќи го Мајами со 115:108. Иако Стиф Кери одигра една од најлошите партии во кариерата (постигна девет поени), сепак, на крајот неговиот тим успеа да победи. Џордан Пул беше најефикасен со 32 поени, а Ендри Вигинс постигна 22 поени.

Најефикасен натпревар одиграа Портланд и Атланта, кој му припадна на домашниот тим благодарание на добрата партија во последната четвртина која Портланд ја доби со 10 разлика (36-26). И покрај тоа што Јанг од Атланта имаше неверојатни 56 поени, сепак, Портланд на крај славеше триумф благодарение на 43 поени на Симонс. Мечот се решаваше во последниот период кога Атланта влезе со предност од четири разлика, но веднаш на стартот истата беше стопена, па Портланд во еден момент имаше предност и од девет поени разлика. Атланта се обидуваше да се врати во мечот, но без успех.

РЕЗУЛТАТИ:

Филаделфија – Хјустон 133-113
Вашингтон – Шартло 124-121
Бруклин – Мемфис 104-118
Чикаго – Орландо 102-98
Милвоки – Детроит 106-115
Њу Орлеанс – Јута 104-115
Далас – Денвер 103-98
Голден Стејт – Мајами 115-108
Портланд – Атланта 136-131
ЛА Клиперс – Минесота 104-122

Се вчитува...