Далеку од пензија: Кристијан Ериксен има три понуди на маса

Кристијан Ериксен на почетокот на оваа година се врати на теренот по срцевиот удар на Европското првенство, а инспирираше со своите настапи во дресот на Брентфорд. На Данецот не му требаше многу време да се наметне како еден од најдобрите играчи на премиерлигашот, предводејќи го до 11. место на табелата на коло пред крајот на сезоната.

На Данецот му се предвидуваше пензија, но неговиот агент потврди дека 30-годишникот сега има три понуди на маса за продолжување на кариерата. Како опција се јавува и останување во Брентфорд, а овој тим воедно има и предност пред другите според англиските медиуми.

Едно е јасно каде и Ериксен да ја продолжи својата кариера тоа нема да биде Италија каде има забрана за настап на играчи со вграден било каков инструмент кој ја регулира работата на срцето. Тоа беше и причината за прекин на договорот со Интер.

Се вчитува...