„Дали Антони вреди 100 милиони евра? Ни приближно…“

Ерик тен Хаг успеа да ангажира уште еден фудбалер во Манчестер Јунајтед од редовите на својот доскорешен клуб Ајакс со трансферот на Антони вреден 100 милиони евра. Холанѓаните долго време го одбиваа својот поранешен „шеф“, но на крајот пресуди огромната сума на пари.

Бразилецот беше дел од Ајакс од 2020 година каде пристигна од Сао Пауло за речиси 16 милиони евра, а за амстердамскиот тим одигра 82 натпревари на кои постигна 24 гола и 22 асистенции. Антони покажа одлична форма во Холандија, но на прашањето дали дали вреди 100 милиони евра негативен одговор даде легендата на клубот, Марко ван Бастен.

„Дали Антони вреди 100 милиони евра? Не, ни приближно. Тој сеуште не се докажа. Секако, одигра неколку добри натпревари, но неговиот учинок во последните две години не беше до толку голем“, вели Ван Бастен кој дресот на Ајакс го носеше шест сезони.

Се вчитува...