Се чини дека нема ништо од Зинедин Зидан, Французинот ја чека клупата на Франција, а единствено реално решение за Јунајтед е Антонио Конте доколку „црвените ѓаволи“ одлучат да го сменат Солскјер.
Сепак, Конте сака да биде запрашан многу повеќе од Солскјер кога станува збор за доведување играчи, а постои страв од клубот да му даде толку голема моќ на менаџерот.
Јавноста смета дека Италијанецот би можел да ги реши проблемите на клубот, тој наводно има список од девет играчи околу кои ќе гради тим, а на него ги нема Мекгвајр или Ван Бисака, кои често се обвинувани од фановите за лошите резултати.
Еве го списокот на фудбалери кои се безбедни доколку Конте дојде во Јунајтед: Роналдо, Варан, Алекс Тељес, Бруно, Марсијал, Санчо, Гринвуд и Маркус Рашфорд.
Јасно е дека Конте сака да ја реновира одбраната која ја смета за најслаба алка, но за тоа ќе треба пари, практично само Варан ги исполнува неговите критериуми. Ако тргнеме од неговата омилена формација 3-5-2, на Италијанецот ќе му требаат уште најмалку два стопери. Што се однесува до голманот, шанса на голот би добил Хендерсон, додека Де Хеа би го напуштил клубот како слободен играч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА