Денеска светот е глобално село, па она што се случува во еден дел веднаш се знае насекаде. Истото е и со уништениот мурал на Новак Ѓоковиќ во Белград кој е уште еден удар на политиката на Александар Вучиќ во оваа земја.
„Муралот со ликот на Новак Ѓоковиќ беше префарбан затоа што тениската ѕвезда се пресели со семејството во Грција, со што се нагласува расколот со татковинат. Дали сè е завршено меѓу Србија и Ѓоковиќ?. Уметникот што го насликал гореспоменатиот мурал споделил слика на социјалните мрежи со црна боја врз своето дело“, почнуува текстот на познатиот тениски медиум „Firstpost“.
Потоа додава коментар во кој вели дека сè уште ја разбира ситуацијата во Србија до одреден степен:
„Муралот најверојатно го префарбале следбениците на Александар Вучиќ, претседателот на Србија. Најпопуларниот спортист во Србија одлучи да ја напушти својата земја и да се пресели во Грција поради негативната медиумска кампања против него под влијание на претседателот Вучиќ. Ѓоковиќ веќе ги запиша своите деца во приватно британско училиште во Атина“, завршува текстот во реномираниот „Firstpost“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

