Дали крајот вака „мириса“? – Роналдо за првпат по 12 години ќе заврши сезона без ниту освоен еден трофеј (ФОТО)

Кристијано Роналдо одлучи да го напушти Јувентус и дојде во Манчестер Јунајтед, но ако се погледне оваа сезона, тогаш таа е вистинско фијаско за Португалецот. Напаѓачот е навикнат на освојување трофеи, а првпат по 2005 година оваа сезона нема да се израдува на ниту еден пехар.

Манчестер Јунајтед синоќа доживеа пораз од Атлетико Мадрид на домашен терен со 0:1, па ги заврши натпреварите во Лигата на шампионите, со оглед на тоа дека на првиот меч беше 1-1. Со елиминацијата, Кристијано Роналдо за прв пат по 12 години ќе заврши една сезона без ниту еден трофеј. Почнувајќи од 2010/2011 најнапред со Реал Мадрид неколку години по ред, а потоа со Јувентус, секогаш освојувал барем по еден пехар.

Последен пат со Реал Мадрид во 2009-та не освоил ништо во една сезона и сега со Манчестер Јунајтед. Освен во ЛШ, Манчестер Јунајтед е далеку во битката за титулата во Англија, а секако во домашните Купови нема да игра. До крајот на сезоната само ќе се бори со Јунајтед да обезбеди барем место за пласман во ЛШ следната сезона. Во моментов „Црвените ѓаволи“ се на петто место со 50 бодови.

 

 

Се вчитува...