„Дали се шегувам со Конте? Да не сте полуделе па не сум до толку ненормален“

„Кавгата“ помеѓу Антонио Конте и Томас Тухел на натпреварот помеѓу Челси и Тотенхем и понатаму е тема на разговор во англиската јавност. Овој пат за истата говореше Ричарлисон кој вели дека тимот детално ја прегледал снимката по завршување на натпреварот.

Притоа Бразилецот беше запрашан дали се шегуваат на оваа тема во клубот, а тој имаше интересен одговор.

„Во моментот кога дојде со конфликт ние се уште бевме сконцентрирани на натпреварот па видеото го гледавме во соблекувалната. Ваквите кавги помеѓу играчите се нормални, но ете се случуваат и кога станува збор за тренери. Беше интересно. Нашиот шеф не се плаши од предизвик, нели?“, вели Ричарлисон кон потоа продолжи:

„Да се шегуваме за тоа со Конте? Да не сте полуделе? Нема шанси. Зар вие би сте се обиделе да се шегувате на негова сметка? Јас не се осмелувам, не сум до толку луд“.

Се вчитува...