Фудбалската репрезентација на Шпанија има големи проблеми откако беа обелоденети големи корупциски скандали во кои е поврзано раководството на Шпанската фудбалска федерација, а сето ова може да донесе и забрана на учество на „црвената фурија“ на континенталниот собир.
Државата формираше нов комитет и две комисии кои ќе ја држат под надзор фудбалската федерација и одблизу ќе го следат расплетот на настаните кои најмногу се поврзани со поранешниот претседател, Луис Рубијалес.
УЕФА ја интересира на кој правен основ е формирана оваа комисија, каков е составот на овој орган, колку трае мандадот на членовите, какви се нивните овластувања и во каков однос се со Извршниот одбор на федерацијата.
Јавноста смета дека мали се шансите Шпанија да добие некакви сериозни санкции и да го загуби учеството на континенталниот собир, но факт е дека оваа земја има огромни проблеми со корупциските скандали во последните две години. Последниот збор ќе го има УЕФА, а дел од медиумите шпекулираат дека најголемата казна може да биде и забрана за учество на ЕП во Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА