Фантастичниот дерби натпревар на 14. коло во Премиерлигата помеѓу Манчестер Сити и Тотенхем донесе вистински спектакл на „Етихад“ каде гигнатите ги поделија бодовите по реми од 3-3.
Но, крајниот резултат лесно можеше да биде и во полза за тимот предводен од Пеп Гвардиола доколку судијата Сајмон Хупер не прекина контра напад на „граѓаните“ во последните минути од судиското продолжение.
И покрај тоа што имаше очигледен прекршок над Ерлинг Халанд, фудбалерите на Манчестер Сити продолжија со нападот, а продолжи и самиот Норвежанец. Хупер прво покажа предност, а откако беше упатена топка кон Грилиш, судијата се одлучи да го прекине нападот и спречи изгледна акција за „граѓаните“ што наиде на голем револт кај домаќините.
Видеото од ситуацијата на социјалните мрежи го сподели и самиот Халанд во неверие.
— Erling Haaland (@ErlingHaaland) December 3, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА