Далиќ ги покани Блажевиќ и „бронзената генерација“ на финалето

„Срцето ми е како Москва“ – рече во еуфоричното обраќање, селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ веднаш по полуфиналниот триумф над Англија на Светското првенство во Русија. тој се заблагодари на поддршката од целата држава и ja повика „бронзената генерација“ предводена од Мирослав Блажевиќ да дојде во Москва за финалето.

„Постојано се слушам со Блажевиќ, би сакал да дојде в недела, ги поканувам сите од таа славна генерација  да дојдат“ – рече Далиќ.

„Коцкестите“ во финалето в недела се соочуваат со селекцијата на Франција. Пред точно 20 години на патот до титулата, оваа репрезентација ја елиминираше Хрватска во полуфиналето.

Французите имаат одлични играчи, ги почитуваме, но се почитуваме и себеси и знаеме дека сме силни и оти можеме да бидеме прваци. Играчите ме мотивираат, тие се посилни од мене. Сите имаат некакви проблеми, но постојано ме убедуваат дека се добро и дека можат“ – вели хрватскиот селектор.

Најголемиот успех на хрватскиот репрезентативен фудбал досега беше третото место од Светското првенство во 1998 година. Оваа генерација веќе го надмина тој резултат.

 

 

Се вчитува...