Далиќ: Хрватска дојде овде за да направи големи работи

Селекторот Златко Далиќ не го криеше воодушевувањето откако неговиот тим по огромна биттка со многу среќа успеа да стигне до четвртфиналето од СП 2018. Тој откри дека му било многу тешко да го следи пенал-рулетот во завршницата, но и посочи дека очекува „коцкестите“ да продолжат во ист ритам и на наредните натпревари почнувајќи од четвртфиналето со Русија.

„Беше многу тешко, особено по оној пенал на Модриќ веќе беше тешко за гледање од страна, камоли за играње. Знаевме што ќе игра Данска, но не бевме на посакуваното ниво, не го имавме потребниот посед на топката. Како и да е, покажавме искуство и квалитет и заслужено се пласиравме понатаму. Имаме еден ден за одмор, а потоа почнуваме со подготовки за Русија. Реков претходно, сега ќе повторам, ние не дојдовме овде да ја минеме групата, дојдовме за да направиме големи работи. Оваа победа денеска е само еден чекор напред кон оставарувањето на таа цел“ – изјави Далиќ.

Се вчитува...