Далиќ: И да ми ги дадат Бразил или Барселона, селекторското место во Хрватска ќе ми биде омилено

Хрватската фудбалска репрезентација полека се враќа во нормaла по освоеното сребро на Светското првенство во Русија и грандиозниот пречек во Хрватска. Новите „ватрени“, предводени од Златко Далиќ од клупата го направија најголемиот хрватски репезентативен успех надминувајќи ја „бронзената генерација“ на Мирослав Блажевиќ.

Селекторот Далиќ, очекувано, е исклучително горд на резултатот на неговиот тим.

„Би можел да бидам тренер на Бразил или на Барселона, но ова секогаш ќе ми биде омилената работа. Да бидам селектор на хрватската репрезентација. Уште жалиме за пропуштената можност, но некој пред првенството да ни понудеше финале, веднаш ќе прифатевме“ – изјави Далиќ по враќањето во Хрватска.

Златко Далиќ, инаку на клупата на хрватската репрезентација е неполна година. Тој го презеде тимот пред крајот на квалфикацискиот циклус и ја одведе Хрватска, преку баражот против Грција, до Мундијалот, а таму и до пласман во големото финале.

 

 

 

Се вчитува...