Далиќ: Јас не ги делам луѓето на Хрвати и Срби, туку на добри или лоши

Хрватскиот селектор Златко Далиќ е во фокусот на вниманието по историскиот успех на „коцкестите“, па Далиќ во интервју за српскиот весник „Блиц“ проговори малку и на политички теми. И во ситуација кога голем број Срби жестоко го нападнаа Новак Ѓоковиќ бидејќи отворено им даваше поддршка на хрватските фудбалери за време на СП 2018, Далиќ откри дека таквата појава мора да се искорени.

„Единствениот нормален пат е добрососедство, мене политика воопшто не ме интересира. Знам кој сум, што сум и ги ценам другите. Јас луѓето ги делам на добри и лоши, не на Срби и на Хрвати. Не треба да се враќаме на минатото, туку да гледаме кон иднината. Благодарност до сите луѓе од Србија, како и до останатите од регионот кои исто така навиваа за нас, отворено ни даваа поддршка. Нема тука ништо чудно, па и јас навивав за Србија против Бразил, сакав во финалето да играат Србија и Хрвтска. Тоа е сосема нормално, така треба сите да размислуваме“ – порача Златко Далиќ.

Се вчитува...