Селекторот на хрватската репрезентација, Златко Далиќ, беше емотивен по победата против Гана и пласманот во 1/16 финалето на Светското првенство.
Селекторот на „коцкестите“ го искористи моментот да испрати силна порака до јавноста, нагласувајќи дека неговиот тим заслужува многу повеќе почит.
„Не ги разбирам тие наши глави кои толку многу се сомневаат. Оваа репрезентација мора да биде почитувана и ценета, дури и ако изгуби. Не треба да се натпреваруваме кој ќе клевети, плука и пишува коментари повеќе. Навистина е тажно. Оваа репрезентација не го заслужи тоа“, рече Далиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
