Далиќ со еден проблем пред големото финале

Хрватскиот селектор Златко Далиќ по се изгледа ќе биде приморан да направи една замена во составот на „коцкестите“ за утрешното големо финале против селекцијата на Франција.

Лев бек е позицијата што го загрижува Далиќ, со оглед на незгодната повреда на мускулот што Иван Стриниќ ја влече повеќе од една седмица. Тој повреден ги одигра последните две средби, но редовно беше повлекуван од игра. Сепак, во ситуација кога од таа страна на теренот ќе напаѓа Килијан Мбапе, јасно е зошто хрватскиот кормилар не сака да ризикува со недоволно заздравен играч да го запре најопасниот француски фудбалер. Затоа, се очекува од првата минута во тимот да се појави Пивариќ.

Добра вест за „коцкестите“ е што Иван Перишиќ ги надмина проблемите со повредата на мускулот, денеска тренираше со остатокот од тимот и за утрешното финале е најавен како сигурен стартер.

Се вчитува...