Манчестер Јунајтед успеа да потпише долгогодишен договор со уште еден првотимец откако денеска беше официјализирана соработката со Диого Далот.
Португалскиот дефанзивец беше ангажиран од Жозе Мурињо, долго се мачеше да се избори за првотимски статус, но сезонава доби шанса од Ерик тен Хаг и максимално ја искористи. Управата на клубот по серијата добри на Далот реши да му понуди нов договор, што резултираше со денешниот потпис до 2028 година.
„Да се игра за Манчестер Јунајтед е најголемата гордост што можеш да ја имаш во светот на фудбалот. Имавме одредени фантастични моменти во овие пет години, јас созреав како играч и можам да кажам дека страста што ја чувствувам кон овој клуб само се зголеми од првиот ден кога пристигнав овде“, изјави Далот.
Овој 24-годишен дефанзивец досега настапи на 107 натпревари за „црвените ѓаволи“, а во меѓувреме нанижа и 11 настапи за португалската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА