Дамчевски потпиша за ерменскиот Арарат

Македонскиот интернационалец Александар Дамчевски својата фудбалска кариера ќе ја продолжи во ерменскиот тим Арарат. Тој одлучи да ја прифати понудата од Ерменија, откако претходно беше дел од кипарскиот Ермис.

Поранешниот македонски репрезентативец претходно беше дел и од Атирау во Казахстан, а настапуваше и во Холандија за Рода, како и во Бугарија за Черноморец.

Се вчитува...