Дамјан: Ќе го оставиме срцето на терен, само за камбек во АБА1

Кошаркарите на МЗТ Скопје се максимално мотивирани за финалната серија од АБА2 лигата против Приморска, што ќе стартува со денешниот дуел на гостински терен во Словенија (18 часот).

„Не треба премногу да се говори за значењето на овој дуел, со оглед на фактот дека говориме за големо финале кое носи и голема награда – пласман во АБА1 лигата. Веруваме во себе ќе се обидеме да го дадеме најдоброто од нашиот тим. Во секој меч ќе влеземе со желба за победа, а гарантираме дека сите во нашиот тим ќе го оставиме срцето на терен на натпреварите со Приморска, само за да се вратиме назад во АБА1 лигата“ – изјави капитенот на македонскиот вицепрвак, Дамјан Стојановски.

МЗТ Скопје и Приморска сезонава одиграа два натпревари, при што словенечкиот тим забележа две „тесни“ победи, првата по продолжение на домашен терен со 91-84, а потоа и во Скопје со минимални 77-78.

Се вчитува...