Дамјан Стојановски потпиша за МЗТ Скопје

Преговорите меѓу новиот тренер Александар Тодоров и Дамјан Стојановски експресно вродија со плод, па македонскиот репрезентативец вечерва и официјално го стави својот потпис на договорот со „металците“.

Ова всушност е и продолжување на неговиот престој во сино-белиот табор по едногодишната пауза, која 29-годишниот бек беше приморан да ја направи по повредата на лигаментите на десното колено за време на репрезентативните настапи во ланските квалификации за ЕП 2017. Претходно, уште од 2012 година, Стојановски беше член на „металците“ со кои дојде до четири шампионски титули (2013-2016).

Дамјан сега е третиот член на националната селекција на Македонија во дресот на МЗТ Скопје Аеродром за следната сезона, по Марко Симоновски и Адем Мекиќ, а договорна обврска со нашиот клуб во моментов има и Американецот Ксавиер Темс.

Се вчитува...