Данецот Каспер Кисум е нов ракометар на Еурофарм Пелистер

Данецот Каспер Кисум е најновото засилување за РК Еурофарм Пелистер.

30-годишниот лев бек доаѓа во Битола од тимот на Сондерјиске, а во својата кариера настапуваше и за тимовите на Рингштед, Нордсјаленд, Фленссбург, Битенфелд, Хановер и Феникс Тулуз.

Како што информираат од Еурофарм Пелистер, Кисум за неколку дена ќе му се стави на располагање на тимот и стручниот штаб. Официјалното претставување е предвидено следната недела во клупските простории.

Се вчитува...