Дани Алвес ослободен од затвор во Барселона со платена кауција

Судот во Барселона донесе одлука за пуштање на екс фудбалерот Дани Алвес од затвор, со кауција од 1 милион евра до изрекувањето на конечната пресуда. Алвес е затворен по постапка во која е пресудено дека на крајот на 2022 година во ноќен клуб во Барселона силувал 23-годишна децојка.

Еден од најтрофејните фудбалери во историајта е осуден на четири и пол години затвор. Пресудено е дека во ВИП делот на 30 декември 2022 година во ноќен клуб силувал 23-годишна девојка. Судењето е завршено во февруари, кога е објавена официјална пресуда.

Обвинителството бараше казна и до 12 години затвор. Адвокатите на фудбалерот го бранеа со фактот дека бил во алкохолизирана состојба. Порано неговото барање за кауција беше одбивана поради страв да не избега во Бразил, кој не ги екстрадира своите државјани осудени на затвор во други земји. Сега се тврди дека тој страв е намален.

Алвес е притворен од 20 јануари минатата година. Таму мина една година и два месеци.

Се вчитува...