Дани Алвеш го налути Јуве: Дибала треба да си замине ако сака да напредува…

Дани Алвеш како сосила да сака да ги натера челниците на Јувентус да ја прекинат соработката со него, па бразилскиот дефанзивец во изјава за бразилските медиуми јавно го повика Пауло Дибала да си замине од таборот на „старата дама“ доколку сака да направи чекор напред во својата кариера.

Дибала е еден од играчите кои сигурно ќе бидат меѓу најдобрите во светот во иднина. Сепак, мое мислење е дека за да напредувa и да види до каде е стигнат, еден ден ќе треба да си замине од Јувентус“ – истакна Алвеш во интервју за бразилската телевизија „Canais Esporte Interativo“.

Оваа изјава сигурно ќе предизвика незадоволство кај челниците на „старата дама“, кои се обидуваат да го засилат тимот во обид во следната сезона покрај домашните трофеи, да стигнат и до титулата во ЛШ. Алвеш има уште една година од договорот со Јувентус и веќе најави дека ако истиот не му биде продолжен ќе инсистира уште летово да му биде дозволено да си замине. По ваквите коментари, огромни се шансите дека италијанскиот шампион ќе настојува што поскоро да се ослободи од него барајќи околу осум милиони евра од Тотенхем, кој се интересира да го доведе Алвеш во своите редови.

Се вчитува...