Дани Алвеш го предводи тимот на најдобри „слободни агенти“

Фудбалските клубови ширум светот се подготвуваат за новата сезона освежувајќи го тимот со нови фудбалери. Неколку ѕвезди веќе ја променија средината. Антоан Гризман во Барселона е највазвучното засилување, а пред потпис со Јувентус е еден од најдобрите млади фудбалери Матајс де Лихт. Шпанска „Марка“ направи тим од 11 фудбалери кои се слободни агенти.

Како најзвучно име е Дани Алвеш, кој е најтрофеен фудбалер на денешницата, а според првичните информации е најблиску до враќање во Барселона.

Тука е и контроверзниот Марио Балотели за кого се шпекулира дека ќе се врати во Италија. Дел од тимот се и голманот Адриан, Филипе Луис, Томас Вермален, Гери Кејхил, Даниеле Де Роси, Јохан Кабај, Клаудио Маркизио, Франк Рибери и Хатем Бен Арфа.

Се вчитува...