Дани Алвеш раскажа анегдота со која се потврдува маестралноста на Меси

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш, кој долги години во Барселона беше соиграч на Лионел Меси раскажа анегдота од еден тренинг во која ја објаснува маестролноста на Аргентинецот.

„Се сеќавам на еден тренинг додека бев во Барселона, Меси правеше работи кои се противат на логиката. Секако, тоа го прави секој ден на тренинг, но овојпат беше различно. Беше озбилен тренинг, немаше шали, а Меси дриблаше кроз цела одбрана и даваше голови без проблем. Во една ситуација ме помина и мене, а јас помислив дали е тоа возможно? Врвките на копачките му беа одврзани“, изјави Дани Алвеш.

 

Се вчитува...