Дани Алвеш си направил забава по излегувањето од затвор

Само два месеци откако беше осуден на 4,5 години затвор, Дани Алвеш е на слобода. На поранешниот бразилски репрезентативец му беа одземени бразилскиот и шпанскиот пасош, а на секои седум дена требаше да се јавува во судот. Тој го напушти затворот откако помина таму 14 месеци.

Алвеш кој е еден од најодликуваните фудбалери во историјата, беше затворен за силување девојка во ноќен клуб во Барселона во декември 2022 година. Тој беше ослободен откако за него беше платена кауција од 1 милион евра од Мемфис Депај, напаѓачот на Атлетико Мадрид и Холандија.

Марка, повикувајќи се на други шпански медиуми, пишува дека во вторникот, многу брзо по излегувањето од затвор, Алвеш организирал забава за роденденот на неговиот татко Домингос Алвес Да Силва. Гостите на него пристигнале во доцните часови, а се траело до раните утрински часови.

Се вчитува...