Даниел Стариџ пред кам-бек во Премиер – лигата

Поранешниот англиски репрезентативец Даниел Стариџ би можел пред крајот на летниот трансфер прозорец да се врати во Премиер – лигата. Неговата кариера некој одреден период веќе оди по надолна линија, а откако го раскина договорот со турскиот прволигаш Трабзонспор, тој е во потрага по нов ангажман.

За него интерес појавува Шефилд Јунајтед. Менаџерот Крис Вајлдер во него гледа добро решение за напаѓачката позиција, со оглед дека тимот кубури со офанзивци. Стариџ е слободен агент и во моментот преговара со Шефилд Јунајтед за неговата годишна плата.

Даниел Стариџ има постигнато 105 голови на 306 натпревари во Премиер – лигата носејќи ги дресовите на Манчестер Сити, Челси, Болтон, Ливерпул и на ВБА.

Се вчитува...