Данило Николиќ успешно опериран – Будуќност му посака брзо опоравување

Крилниот центар на Будуѓност по тешката повреда успешно е опериран, па сите очекуваат да се врати на терените оваа сезона, но точниот датум се уште не е познат.

По пет дена од драматичните сцени е најважно дека сега тој е жив и здрав, па се друго е многу помалку важно.

„Нашиот Данило беше успешно опериран денес! Во организација на Будуќност Воли и семејството, кошаркарот Данило Николиќ беше примен на клиниката Аџибадем. Денеска го оперираше д-р Зија Акар, кој е познат како најдобар хирург на оваа престижна институција и подалеку. Операцијата помина добро. Очекуваме брзо да закрепне и веруваме дека наскоро ќе се приклучи на неговиот тим”, се вели во изјавата на Будуќност.

Се вчитува...