Тим Данкан го напушти Сан Антонио

Легендарниот Тим Данкан се повлече од место асистент во стручниот штаб на Сан Антонио Спарс. Данкан минатата сезона му беше помошник на Грег Попович, а легендарниот тренер често му даваше признание на Тим велејќи дека бил клучната алка во создавањето на културата на тимот и освојувањето на петте шампионски титули.

Целата кариера популарниот Тими-ди ја помина во Сан Антонио, а во текот на 19-години двапати беше МВП, а дури 15 пати играше на Ол-стар викендот.

 

Се вчитува...