Данска до минимална победа на гостувањето кај Швајцарија

Репрезентацијата на Данска стигна до минимален триумф од 29-30 против Швајцарија во натпревар од 5. коло во квалификациите за пласман на Европското првеснтво во 2022 година.

Швајцарците одиграа одлично прво полувреме по кое имаа предност од 17-14. Сепак, големото искуство на Данците во вториот дел беше пресудно за конечна победа на актуелниот Светски шампион.

Неверојатниот Енди Шмид со 12 гола беше најефикасен на натпреварот, а кај Данците по четири постигнаа Ландин Јакобсен, Емил Јакобсен, Менса Ларсен и Матијас Гидсел. Првата ѕвезда на тимот Микел Хансен не ни настапи на овој меч.

Со овој триумф на Данска веќе и математички Македонија е учесник на континенталиот собир кој ќе се одржи во јануари следната година во Унгарија и Словачка.

Се вчитува...