Данска го напушта Мундијалот во Катар!!?

Можен ли е скандал на Светското првенство 2022 во Катар, со преседан каков досега не е виден на Мундијалите?

Фудбалската федерација на Данска, според информациите од Катар, сериозно рамислува да ја повлече репрезентацијата од Мундијалот во Катар. Наводно, главна причина за една таква скандалозна одлука е категоричната забрана на ФИФА кон нивната федерација да бидат промовирани било какви активности со поддршка на ЛГБТ-популацијата.

Добро е познато дека Данска беше и се уште е еден од најголемите критичари на одлуката Светското првенство да се игра во Катар, а и еден од најголемите промотори на слободата на „сексуалното изразување“. Строгите забрани кои се активираа деновиве во Катар само придонеле посериозно да се размислува и за напуштање на Мундијалот.

„Ова не е одлука која е донесена денеска, за ова размислуваме уште од пред неколку месеци“ – е ставот на претседателот на Фудбалската федерација на Данска, Јеспер Мулер Кристенсен.

Кристенсен информираше дека е во постојан контакт со УЕФА затоа што им е важно да го знаат и мислењето на Европската куќа на фудбалот од каде чекаат информации колкави би биле казните за една таква нивна одлука.

Се вчитува...