Данска и Хрватска во големото финале на СП 2025: „Не гледаме како Хрватите може да победат“

Данска и Хрватска вечерва од 18 часот во Осло во големото финале на Светското ракометно првенство 2025.

Хрватската репрезентација приреди огромно изненадување со победата во полуфиналето против Франција, па сега ќе се обиде да дојде до ново изненадување против објективно големиот фаворит Данска.

Данците, пак, бркаат историска четврта последователна титула светски шампион. За тоа колкава е фаворитската улога на Данска говори фактот дека и се даваат 89% шанси за победа, но и самоувереноста на данските медиуми.

„Коефициентот од 1,05 за освојување злато на Светското првенство е нешто неверојатно. Такво нешто досега не е видено. Тоа е слика за тоа колку е моќна Данска, на сите позиции. Едноставно, данските ракометари немаат конкуренција. Нема начин на кој Данска може да биде победена во ова финале“ – пишуваат данските медиуми.

Но, Хрватите размислуваат малку поинаку…

„Може Данците да се фаворити секако. Тоа е една моќна репрезентација, но ние во ова финале нема што да загубиме, а многу добро знаеме што сакаме“ – вели хрватскиот селектор Дагур Сигурдсон.

Се вчитува...