Ракометарите на Данска не и дадоа никаква шанса на Германија во нивниот прв натпревар во главната групна фаза на ракометното Светско првенство. На крајот Данците триумфираа со 40-30, и речиси во целиот меч ја имаа контролата на играта и на резултатот во Хернинг.
Данска од почеток до крај беше во предност, а највисоките +11 ги стекна дури во финишот на мечот, откако Германците од пенал само успеаја да намалат. Данска со ова се наметнува како најсериозен кандидат за трофејот, и сега со шест бодови направи голем исчекор кон 1/4 финалето.
Гидсел со 10 голови беше најефикасен, а после него следуваше Питлик со осум. Кај Германија потфрли целосно Кнор кој постигна само два гола, ан јаефикасни беа Кесте ри Кастенинг со по шест голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА