Данска заслужено се задржа на врвот на светскиот ракомет со четвртото мундијалско злато во низа, но новинарите од оваа скандинавска земја продолжија со потценувачки коментари кон останатите земји.
Истите оние кои молчеа за грабежот на нивните сонародници на мечот Македонија – Холандија, денеска и покрај чистиот триумф на својата селекција, наместо величење на избраниците на Јакобсен посветија големо внимание на играта на противникот – жалејќи се на бруталност од хрватските ракометари.
„Мамиќ за оној старт не требаше да добие само црвен картон, кај нас би добил и затворска казна од 60 дена. Во очите на Балканците се виде желба за крв од првата секунда, веќе на самиот почеток видовме обид за убиство врз Симон Питлик“, пишуваат данските медиуми.
Ако вака „плачат“ при победа, можеме само да замислиме што се би пишувале и измислувале ако резултатот не им беше по мерак…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА