Данците признаа: Згрешивме и не спиевме поради тоа…

Велат кој признае, пола му се простува… но тешко е да се поверува дека Хрватите во блиска иднина ќе им простат на данские судии Мартин Гјединг и Мадс Хансен за грабежот од дуелот со Германија што се одигра синоќа во „Ланксес арена“ во Келн. Клучна одлука беше досуденото пробивање од Карачиќ на нешто повеќе од минута до крајот, за која самиот Гјединг во изјава за данската телевизија ТВ2 призна дека направил грешка.

„Еден од критериумите за досудување на пробивање е одбранбениот играч да стои мирно додека напаѓачот се удира во него. Тоа овде не беше случај. Дури и не требаше многу пати да ја видам снимката за да забележам дека сум згрешил. Не спиевме синоќа, но мораме да го надминеме тоа. Донесов одлука која имаше огромно влијание врз една репрезентација, ја преземам одговорноста. Петнаесет пати ја вратив истата случка, тоа беше дуел на двајца играчи кои се движеа напред – да се досуди пробивање беше погрешно“ – истакна Гјединг.

Останува да се види дали и како ИХФ ќе реагира на ваквиот судиски превид, кој стави крај на надежите на Хрватска за пласман во полуфиналето од СП 2019.

Се вчитува...